Навивачите на Олимпијакос се судриле со полицијата на натпреварот против Панакаики, одигран во рамките на грчкиот Куп.
Навивачите на еден од најпопуларните грчки клубови најпрвин тргнале да се пресметаат меѓу себе, а откако во 51.минута од натпреварот, полицијата тргнала да интервенира, навивачите се судриле со органите на редот.
Тепачката со полицијата продолжила и надвор од стадионот.
Поради инцидентите главниот судија Јанис Пападопулос на 15 минути го прекинал мечот. За време на немирите полицајците употребиле и солзавец.
Инаку натпреварот завршил со победа на Олимпијакос 2:0.