Top Sport


Навивачите на Осиек се вистински луѓе! (видео)

„Кохорта“, навивачката група на хрватскиот прволигаш Осиек стана хит на Интернет откако го исчисти теренот на стадионот „Градски врт“ пред мечот со Интер Запрешиќ за нешто помалку од три часа.

По ова, Осиек најави дека ќе ги награди навивачите финансиски, а тие како вистински фанови на фудбалот решија да ги пренасочат парите во хуманитарни цели, односно во лекување на една девојка од Осиек.

„Заедничката акција на отстранување на снегот беше успешна. Во седум часот наутро се појавија двестотина навивачи, луѓе од клубот и членови на младинскиот тим кои за два часа го исчистија теренот. Мотивот не беше паричен, туку само љубов кон клубот. Клубот реши да го плати работниот час со 25 куни, но членовите на ’Кохорта’ решија да ги пренасочат парите кон Дијана Врањеш, која мора да оди на операција на колкот“, се вели во соопштението на клубот.

Фантастичен гест. Клубот врати инаку со 6:0 победа во мечот.


Марко: Ред бул ги поминуваа Мекларен за цел круг со ист мотор!

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко беше брутален кон своите ривали од Мекларен кога беше запрашан дали тимот стравува за новата сезона во која ќе ги користат моторите на Хонда.

Мекларен се откажа по три години соработка со Хонда оваа сезона, но и со моторите на Рено немаа некој голем успех, и Марко вели дека Ред бул е сосема поинаков тим.

„Дали не плаши формата која ја имаше Мекларен? Па, видете оваа година двапати ги поминувавме по цел круг во една трка, а имаа исти мотори на Рено како и ние. Што мислите каде е проблемот? Секако, постои ризик, Хонда мора да работи напорно да ги стигне Мерцедес и Ферари, меѓутоа не не споредувајте со Мекларен“, вели Марко.

Scroll to Top