Top Sport

Навивачите на Порто го блокираа трансферот на Коентрао

Фабио Коентрао, поранешен играч на Реал Мадрид, во актуелниот преоден рок требаше да потпише договор со Порто, меѓутоа откако навивачите го изразија своето незадоволство клубот се откажа од трансферот.

Минатата сезона 31 годишниот фудбалер ја мина на позајмица во Рио Аве, клуб во кој ја започнал кариерата. Коентрао одиграл одлично во текот на сезоната поради што во Порто решиле да го ангажираат.

Трансферот на поранешниот играч на големите ривали на Порто, Бенфика и Спортинг Лисабон, го блокирале навивачите.

„Луѓе што секогаш ги навредувале нашите навивачи и плукале по нив, кои со непристојни гестикулации ги прославувале головите, кои секогаш го мрзеле нашиот клуб во црвен, зелен или дрес со некоја друга боја и кои нашите играчи ги обвинуваат за расизам не можат да играат во нашиот клуб“, порачале навивачите на Порто.

Scroll to Top