Top Sport

Грег Монро ќе игра за Баерн Минхен

Американскиот кошаркар со повеќегодишно НБА искуство, Грег Монро, кариерата ќе ја продолжи во Европа. Играчот кој ги покрива позициите центар и крилен-центар го засили Баерн Минхен.

Грег Монро е поранешен студент на универзитетот Џорџтаун, а во НБА лигата влезе во 2010 година како седми пик на драфтот избран од Детриот Пистонс.

Токму во овој тим, во тандем со Андре Драмонд, остави најдлабока трага во НБА.
Во кариерата бил играч и на Милвоки Бакс, Финикс Санс, Бостон Селтикс, Торонто Репторс и Филалдлефија ’76.

Финансиските детали од договорот со Монро Баерн не ги објави.

Scroll to Top