Навивачите на францускиот мега-тим, Пари Сен-Жермен очигледно не го поднесоа добро поразот од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите од 3:1, посебно бидејќи беа многу блиску до голема предност.
Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери двапати директно го обвини италијанскиот судија Роки дека му помогна на Реал, дури поканувајќи го да суди и реваншот во Париз.
Раните на „светците“ се лечеа со 5:2 „газењето“ на Стразбур, кога дел од најверните фанови на ПСЖ излегоа со директна навредлива порака до Мадрид. Реваншот е многу бргу, и страстите сигурно ќе бидат зовриени на „Паркот на принцовите“.