Top Sport

Навивачите на ПСЖ најавија бојкот на натпреварите

Најверните навивачи на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен планираат да ги бојкотираат натпреварите до понатамошно известување поради тензиите со управата на клубот, пренесува АП.

Навивачите на ПСЖ, популарните „ултраси“, изјавија дека нема да ги следат натпреварите на фудбалерките и на ракометниот клуб.

„Состојбата на нашиот однос со управата не наведува да веруваме дека ова е најдоброто и единственото решение, кое веројатно ќе ја зачува нашата заедничка иднина“, изјавија навивачите по средбата со челниците на клубот.

ПСЖ е на првото место на табелата во францускиот шампионат со 78 бодови, додека второпласираниот Ленс има 72. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола.

Некои навивачи на „светците“ неодамна протестираа пред куќата на Бразилецот Нејмар, а за време на натпреварите му свиреа на Лионел Меси.

Scroll to Top