Top Sport

Навивачите на Реал го вперија прстот кон Бејл

Реал Мадрид преживува тешки моменти. Екипата во летниот преоден рок остана без Кристијано Роналдо, клубот го напушти и трофејниот тренер Зинедин Зидан, а замената што пристигна во клубот, Хулен Лопетеги не ги оправда очекувањата. Во понеделникот тој доби отказ, бидејќи Реал по десет натпревари во Ла Лига се наоѓа на деветтото место на табелата. Под водство на Лопетеги, Реал имаше период од осум час и една минута без постигна гол.

Кризата во Реал е очигледна, клубот го назначи Сантијаго Солари од младинскиот тим за нов тренер, но прашање е дали Аргентинецот е преодно или стално решение за оваа функција. Медиумските шпекулации говорат дека Реал е во преговори со селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Весникот „Марка“, кој во светот на фудбалот важи за гласило на Реал, спроведе интресна анкета, во која ги прашува навивачите кој е најголемиот виновник за низата на лошите резултати.

Убедливо најмногу гласови, засега бројката е 56.200, добил Герет Бејл. Реал во минатото, за Велшанецот, плати повеќе отколку за Кристијано Роналдо. Бејл требаше да ја пополни дупката што се отвори со заминувањето на Португалецот, меѓутоа тој не одговри на предизвикот. Три гола и две асистенции е неговиот учинок во десетте натпревари во Ла Лига.

Точно три илјади гласа добил капитенот Серхио Рамос, најмногу поради тоа што гласно го поддржал ангажманот на Лопетеги. Трет на листата е Карим Бензема (46.300).

Во оваа анкета потоа следуваат Рафаел Варан, Марко Асенсио, Лука Модриќ, Тони Крос, Иско, Тибо Куртоа и Марсело.

Scroll to Top