Top Sport

Ограбена викендичката на Ќиро Блажевиќ

„Тренерот на сите тренери“, како што сака да се нарекува, Мирослав Ќиро Блажевиќ, во разговор за „Нови лист“ открил дека во текот на изминатата недела крадци ја ограбиле неговата викенд куќа во Краљевица.

Од викендичката биле украдени пари, накит и пиштол кој Блажевиќ го добил како подарок од поранешниот хрватски министер за емиграција и одбрана Гојко Шушак.

„И претходно влегувале, но тоа беа „мали“ крадци, бараа дресови…Јас им имав оставено порака каде стојат клучевите за да не кршат и уништуваат без врска. А овие последните беа вистински професионалци. Точно знаеле што бараат. Знаеле точно во кој ѕид е сефот. Се помачиле но успеале да го отворат. Што имаше во него? Пари, многу пари, а го земале и прстенот на сопругата, вреден 100.000 швајцарски франци. Тој прстен и го купив во Париз, откако со репрезентацијата го освоивме третото место на Светското првенство“, рекол Блажевиќ.

Scroll to Top