Top Sport

Навивачите на Сенегал го расплакаа Садио Мане (видео)

Фудбалот се игра за навивачите (барем така велат), но и навивачите можат да сурови кон своите миленици. Тоа најдобро го вкуси Садио Мане, откако ѕвездата на Сенегал беше расплакана од свирежите на сопствените навивачи во мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации.

Мане мораше да добие помош да излезе од теренот во солзи, откако Сенегал извлече 1:0 победа над Екваторијална Гвинеја, бидејќи навивачите го исвиркаа откако пропушти голема шанса да зголеми за 2:0.

Сенегал со оваа победа се квалификуваа за Африканскиот куп на нации.

Scroll to Top