Шалке во саботата запишаа убедлив пораз од Баерн Минхен (0:3) во рамките на второто коло во Бундес лигата. Трите гола за Баварците ги постигна Роберт Левандовски.
Играчите на Баерн одиграа добар меч, доминираа во поголемиот дел од натпреварот, но дуелот како стојат работите ќе има и трето полувреме.
Шалке не добија два пенали на овој меч, а особено е спорна одлуката кога Бенжаман Павар игра со рака пред својот гол. Навивачите на Шалке се лути на судијата и прашуваат аде бил ВАР во овие две ситуации.
Поради одлуките на главниот судија, неколкумина навивачи на Шалке поднеле пријава за измама до полицијата против главниот судија и неговиот асистент во ВАР собата. Полицијата го истражува случајот.