Top Sport

Ракитиќ заминува од Барселона?

Фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ е подготвен да го напушти „Ноу Камп“ и кариерата да ја продолжи во Јувентус.

Ракитиќ, во неделата, од клупата за резерви го следеше триумфот на Барселона над Бетис (5:2). Прв пат по две и пол години Хрватот два натпревари по ред не бил стартер, откако во првото коло, во Билбао влезе на теренот во второто полувреме.

Ракитиќ пет години беше незаменлив во стартниот тим на Барселона, но на почетокот на оваа сезона работите се сменија со доаѓањето на девет години помладиот Френки Де Јонг. Поради тоа тој ќе го напушти клубот.

Потпретседателот на Јувентус Павел Недведе рекол дека преодниот рок за клубот се уште не бил завршен и дека Ракитиќ е еден од фудбалерите што би сакалд да ги види во тимот.

Scroll to Top