Фудбалерите на Шкупи, синоќа, извлекоа позитивен резултат на „Максимир“ во Загреб. Првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите помеѓу Динамо и Шкупи заврши со резултат 2:2.
Натпреварот го обележа скандалозното однесување на двете навивачки групи. „Шверцерите“, навивачи на Шкупи, во еден момент го кренаа знамето на озлогласената ОВК, а потоа скандираа „Убиј го Србинот“. Тука тие добија поддршка од „Бед Блу Бојс“, навивачката група на Динамо.
Медиумите во Хрватска, во своите извештаи потенцираат дека УЕФА ќе ги казни клубовите за однесувањето на нивните навивачи.
SHVERCERAT në Zagreb!
NA JENA SHKUPI? pic.twitter.com/6OFeckxMkO— Florent (@florrent_) July 19, 2022