Top Sport

Навивачите на Спортинг ги нападнале играчите

Група од 50 хулигани на Спортинг Лисабон влегле во клупскиот тренинг центар и ги нападнале фудбалерите и членовите на стручниот штаб, пренесуваат португалските медиуми. Спортинг го осуди нападот, нарекувајќи го „акт на вандализам“.

Спортинг во последното коло, во првенството на Португалија, беше поразен од Маритино и остана без второто место на табелата, па во квалификациите за Лигата на шампионите ќе игра Бенфика.

Португалската телевизија РТП пренесе дека хулиганите влегле во соблекувалната каде фрлиле неколку факели, а потоа целосно ја демолирале.

Исто така тие го нападнале напаѓачот Бас Дост и му нанеле повреди на главата.

Ианку, Спортинг се подготвува за финалниот натпревар во Купот на Португалија. Ово натпревар против Авеш на програмата е в недела.

Scroll to Top