Top Sport

Меси признава: Би било ужасно Нејмар да отиде во Реал

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси признава дека би било „ужасно“ ако неговиот поранешен колега од Барселона, и добар пријател и покрај тоа, Нејмар реши да се приклучи на Реал Мадрид.

Нејмар во текот на минатото лето потпиша за Пари Сен-Жермен за рекордни 222 милиони евра, но веднаш се појавија шпекулации околу неговата иднина. Многу извештаи тврдеа дека тој е несреќен во Париз и дека би сакал трансфер во „поголем“ клуб како Манчестер јунајтед, но и Реал Мадрид. Меси и Нејмар играа заедно блескави четири сезони на „Ноу Камп“ и Аргентинецот вели дека би било тешко да се „проголта“ тој да потпише за лутите ривали.

„Тоа би било ужасно поради сѐ што Неј значи за Барселона. Иако крајот беше таков каков што беше, тој освои важни титули со нас, Лига на шампиони, Ла лига… Ако заврши во Мадрид тоа ќе биде тежок удар за нас и за сите во Барселона. На чисто фудбалско ниво, тоа ќе ги направи Мадрид многу посилни“, вели Меси.

Фото: ЕПА

Scroll to Top