Top Sport

Навивачите на „топчиите“ не се среќни, Емери е „задоволен“?

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери вели дека ги прифаќа критиките на навивачите по уште една лоша партија и 1:0 поразот од Шефилд во понеделникот, но вели дека е задоволен од прогресот кој го покажува тимот и сега се фокусира на мечот од Лига Европа против Виторија Гимараеш.

Шпанецот не сакаше директно да одговори дали неговиот тим сега е подобар од тој кој го наследи од Арсен Венгер, но тој е целосно задоволен од прогресот.

„Кога си тренер, нормално е да имаш тешки моменти и критики за мојата работа. Сите имаме свое мислење и морам да го прифатам мислењето на навивачите. Но, целта е да се има прогрес и да се остварат целите. Првата е да победиме на следниот меч. Имаме добри идеи како да играме агресивно во иднината и компактно во одбраната“, вели Емери.

Scroll to Top