Навивачите на петкраткиот руски шампион, Зенит Санкт Петербург очигледно се големи „фанови“ на српскиот воен злосторник, Ратко Младиќ, откако му пратија писмо со поддршка во Хаг.
Навивачите му порачале на Младиќ среќни новогодишни празници, добро здравје, а го цитираа и рускиот легендарен војсководец од 18. век, Александер Суворов, кој не загуби ниту една битка.
„Колку и да е лошо, не очајувај и држи се додека можеш и додека имаш и малку сила во тебе“, стои во писмото.
Ова не е првпат навивачите на Зенит да го поддржат Младиќ, откако на натпреварот со македонскиот шампион Вардар во Лигата на Европа поставија транспарент „Ратко Младиќ – српски херој“.
УЕФА ќе ги казни: Навивачите на Зенит го поддржаа Ратко Младиќ