Top Sport

Пјаца на „калење“ во Шалке

Крилото на Јувентус Марко Пјаца е блиску до Бундеслигата, откако Јуве и Шалке се договорија за шестмесечна „позајмица“ меѓу двата клуба. 22-годишниот Хрват не игра за Јуве оваа сезона, откако доби повреда на коленото во март.

„Веќе имаме договорено сè со Јувентус и сега тие треба да ја решат документацијата. Тој може да остане и подолго кај нас“, вели спортскиот директор на Шалке, Кристијан Хајдел за официјалниот веб-сајт на Шалке.

Италијанскиот тренер на Шалке, Доменико Тедеско е задоволен што талентираниот Пјаца ќе му помогне на Шалке.

„Момчето направи добро опоравување од повредата и сигурен сум дека можам да го поставам во тимот веднаш“, вели Тедеско.

Scroll to Top