Навивачите на еден од култните клубови во поранешна Југославија, Железничар од Сараево, сакаат да станат главни спонзори на клубот. Нивната цел во оваа необична, историска акција е да соберат минимум 300.000 конвертибилни марки (околу 150.000 евра) за да ја закупат позицијата генерален спонзор на клубот.
Навивачите отвориле посебен телефонски број 17045 за донации, а плаќањето може да се изврши со уплатница и преку „пејпал“.
„Во текот на историјата на нашиот клуб, најубавите слики, можности и моменти ги создаваа навивачите, а со нашите постапки и лојалност покажавме дека сме движечка сила која никогаш нема да пропадне. Нашата подготвеност, посветеност и пожртвуваност не се одрази само во убавите моменти и кога клубот беше успешен, туку и во спротивните работи од ова. Сето ова што го наведовме секогаш го покажувавме кога беше најтешко и кога беше најпотребно! Групата досега не се соочила со поголем предизвик и искушение, ни претстои многу напорна работа и борба за да го направиме ова успешно, како и сите досегашни проекти. Групата пред сите фанови на Жељо се реши на потег кој се уште не е виден во светот на спортот, а тоа е навивачите да бидат генерален спонзор на клубот“, се вели во соопштението на Манијаците, најжестоките навивачи на Железничар.