Челик од Зеница следната сезона најверојатно ќе игра во Првата лига на Федерацијата Босна и Херцеговина, односно втората лига во оваа земја, откако на три кола пред крајот е речиси невозможно да се избори опстанок.
Навивачите на клубот од „Билино полје“, очигледно веќе се помирија со судбината откако објавија некролог за својот клуб . Популарните „Робијаши“, кои се наречени така поради затворот кој го има во овој босанскохерцеговски град, ги поканија навивачите да дојдат на стадион и да „оддадат почит“ каков што заслужува клубот.