Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо, пред седум години го купи шпанскиот клуб Ваљадолид. Вети дека ќе создаде стабилем клуб, кој ќе биде редовен учесник во Примера. Ветувањето не го исполни.
Минатата сезона Ваљадолид испадна од Примера, а лошо влегоа во новата сезона во Сегунда, каде што го заземаат 17. место.
Поради актуелната ситуација навивачите се собраа на протест, побараа од Бразилецот да го продаде клубот.
„Пет години лаги. На работ на бездната. Доста е“, пишува на транспарентот кој навивачите на Ваљадолид го држаа за време на протестот.
Во ертата на Роналдо Ваљадолид два пати испадна од Примера.