На натпреварите во Серија А од денес ќе можат да присуствуваат по 1.000 гледачи потврди министерот за спорт во владата на Италија Виченцо Спадафора.
На оваа одлука на владата и претходеше одлуката на регионалните власти во Емилија-Ромања и Ломбардија кои донесоа одлуки навивачите да се вратат на стадионите.
Одлуката за враќањето на навивачите на стадионите повторно ќе биде разгледана на 7 октомври.
Италијанското министерство за здравство вчера пријави 1.638 нови случаеви на заразени со коронавирусот.