Top Sport

Навивачите успеаја да го избркаат Луческу од Динамо Киев по само четири дена!

Романскиот тренер Мирчеа Луческу си поднесе оставка од тренерското место во Динамо Киев по само четири дена откако беше мета на напад на навивачите на украинскиот вице-шампион, но и на навивачите на неговиот поранешен клуб, Шахтјор Доњецк, каде што помина дури 12 години.

„За жал, решив да се откажам од можната соработка со Динамо Киев. Благодарност до семејството Суркис за поканата и за покажаната доверба, но ќе биде невозможно да работам во непријателска атмосфера кај навивачите. Никогаш не сум бил страшливец, сум го прифаќал спортскиот предизвик, како кога заминав од Галатасарај во Бешикташ или од Динамо Букурешт во Рапид Букурешт. Пристигнувањето во Киев немаше врска со парите, туку сакав да вратам на Украина“, вели Луческу.

Луческу си замина од Шахтјор во 2016 година, но одлуката да отиде кај лутиот ривал од Киев предизвика бура на реакции и тоа не само од навивачите, туку и од дел од поранешните фудбалери и функционери на Динамо.

Предавство – 12 години го водеше Шахтјор, сега е нов тренер на Динамо Киев

Scroll to Top