Сер Алекс Фергусон, попладнево го следи натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Вулверхемптон, во рамките на шестото коло во Премиер лигата. Ова е прво појавување во јавноста на легендарниот тренер, откако во мај доживеа мозочен удар.
Сер Алекс, во моментот кога се појави ВИП ложата на „Олд Трафорд“, доби две минутни овации од навивачите на Манчестер јунајтед.
По мозочниот удар Фергусон беше итно опериран, а од болницата беше отпуштен на 2.јуни оваа година.
https://twitter.com/locoxelfutbolGT/status/1043503222244225024