Вест Хем му даде неопределена суспензија на навивачот кој го провоцираше играчот од средниот ред на Вест Бром, Џејк Ливермор за смртта на неговиот син.
Англискиот фудбалер реши да се качи на трибините во обид да се пресмета со навивачот откако беше заменет во второто полувреме при 2:1 поразот на неговиот тим. Вест Бром потврдија дека Ливермор бил испровоциран од коментарите за смртта на неговиот син Џејк Џуниор во 2014 година.
„Вест Хем му одреди суспензија на неопределено време на навивачот кој беше вклучен во вербалната пресметка со Џејк Ливермор. По целосната истага на клубот, и изјавите на навивачите во близината на инцидентот, се утврди дека тој направил низа прекршоци во однесувањето на стадионот и нема да може да присуствува на нашите домашни и гостински натпревари. Вакво нешто нема да се толерира“, се вели во соопштението на Вест Хем.
Фудбалската асоцијација (ФА) побара изјави од двата тима за инцидентот. 28-годишниот Ливермор нема да добие казна, иако ФА го потсети дека постои опасност при ваквите реакции.
Ужасно! Навивач го провоцираше Ливермор за смртта на неговиот син (видео)