Дефанзивецот на Интернасионал Родинеи доби црвен картон против својот матичен клуб Фламенго, иако претходно еден навивач плати 185.000 долари тој да игра во бразилското дерби во неделата.
Родинеи пристигна во Интернасионал како позајмен фудбалер минатата година, но во договорот стоеше дека ако сака да настапи против својот поранешен клуб, тој треба да добие 1 милион бразилски реали. Еден богат навивач на клубот даде пари за тој да може да игра на „Маракана“ за тимот од Порто Алегре, во мечот во кој двата тима беа одвоени само со еден поен.
Во мечот, по 1:1 во првото полувреме, Родинеи доби црвен картон за опасен старт над Филипе Луис и тој доби црвен картон. Габриел Барбоса Габигол во 62. минута даде гол и Фламенго победи со 2:1. Родинеи сега ќе мора да отслужи суспензија од три меча што значи дека ќе го пропушти последниот меч од регуларната сезона против Коринтијанс во петок.
Фламенго пак, можат да ја освојат титулата ако го победат Сао Пауло еден ден претходно, но ако се одигра реми, Интернасионал може да ја освои титулата со победа поради нивната подобра гол-разлика.
Навивач на бразилскиот Интер плати 185.000 долари за да игра неговиот омилен играч