Top Sport

Навивачот со лизгачки старт на Суперкупот го повреди вториот голман на Ливерпул!

Адријан (32), вториот голман на Ливерпул сензационално стана херој на навивачите откако го одбрани петтиот пенал на Челси на Суперкупот и на својот тим му донесе нов пехар. Сепак, голема е веројатноста дека утре ќе го пропушти мечот од второто коло против Саутемптон поради бизарна повреда.

Навивачот кој влета во теренот на стадионот „Бешикташ парк“ непосредно по одбраната на Адријан, за да избега од обезбедувањето се лизна на тревникот и со двете нозе, со „лизгачки старт“ удри директно во голманот.

По ударот, отекол зглобот на Адријан, откри менаџерот Јурген Клоп на прес-конференцијата.
Klopp reveals Adrian got caught on the ankle by a supporter who slipped after invading the pitch. It’s swollen and he may miss out tomorrow. Madness.
— David Lynch (@LynchStandard) August 16, 2019
Адријан ова лето дојде во Ливерпул за да биде резерва на Алисон Бекер, кој исто така е повреден. Тој самиот се повреди на мечот од првото коло во ПЛ, против Норич.

Доколку Адријан утре не е во можност да го чува голот на „цевените“, трет голман кај Ливерпул е Енди Лонерган (36). Тој клубот од „Енфилд“ го ангажираше непосредно по повредата на Бекер.

Scroll to Top