Top Sport

Мегвајр се откажал од 21 милион фунти само да си го исполни детскиот сон

Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед водеа борба за тоа кој да потпише со искусниот англиски стопер, Хари Мегвајр. „Црвените ѓаволи“ излегоа како победници, а сега, две недели по официјализирањето на трансферот, станува јасно дека Сити и Гвардиола немале никакви шанси да го привлечат фудбалерот да дојде на „Итихад“.

Денеска англиските таблоиди пишуваат дека најскапиот дефанзивец во моментов во светот на фудбалот (Јунајтед за него плати 80 милиони фунти) воопшто не ни размислувал на трансфер во шампионот на Англија иако понудата била побогата.
Причината е тоа што Мегвајр уште од дете е голем навивач на Јуајтед.

Стоперот одбил неделна плата од 278.000 фунти што му ја нудел Манчестер Сити. Прифатил да дојде на „Олд Трафорд“ за 190.000 фунти неделно. Разликата е 88.000 фунти, но ако се земе предвид дека Мегвајр потпиша петгодишен договор, тогаш се доаѓа до сума од 21,2 милиони фунти.

Тоа е сумата од која англискиот фудбалски репрезентативец се одрекол само да го облече црвениот дрес на „ѓаволите“.

Scroll to Top