Кристијано Роналдо можеби го потпиша најбогатиот договор во историјата на фудбалот со трансферот во саудискиот Ал-Наср, но многумина не му ги заборавија зборовите кои тој ги искажуваше за Чави Ернандез и најавите за својот „достоинствен крај“ на кариерата.
Роналдо потпиша двеиполгодишен договор со богатиот клуб со кој ќе заработува 200 милиони евра по сезона (заедно со комерцијалните договори), откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед, а не се појавија понуди од други големи еврпски клубови.
Чави, пак, откако стави крај на кариерата со Барселона полна со трофеи, се пресели во катарскиот Ал-Сад, каде што потоа ја почна својата тренерска кариера. Тогаш тој зборуваше за Роналдо, по што Португалецот одговори без многу дипломатија.
„Вчера видов дека најбараниот фудбалер на Интернет сум јас. Затоа, кога некој играч или тренер сака да биде на насловната страница зборувааат за мене. Тоа е како бесплатна реклама. Зошто би ми било важно што кажуваа Чави? Чави игра во Катар, или играше, навистина не знам. Нема некоја релевантност. Што да ви кажам? Тој освои речиси се, но не и ‘Златна топка’, јас имам три. Затоа не ми е грижа што зборува“, изјави тогаш Роналдо, како играч на Реал Мадрид.
Во 2015 година, Роналдо, како гостин на шоуто на Џонатан Рос, уште еднаш посочи дека сака да ја заврши кариерата „достоинствено“.
„Во мојот ум, сакам да завршам на врвно ниво. Сакам да завршам достоинствено во добар клуб. Тоа не значи дека е погрешно да се оди во САД, Катар или Дубаи, но не се гледам во таква ситуација“, изјави тогаш Португалецот.
I suddenly remembered Ronaldo's insult about Xavi playing in Gulf (Qatar) and now he's going there because no one wants him#Ronaldo pic.twitter.com/hpWD2Io9WM
— F00TT00N (@foottoon1) December 30, 2022
If you remember how Ronaldo slandered Xavi for going to Qatar and said he will retire with dignity in Europe. Life comes at you fast bruh, stay humble pic.twitter.com/3kDuywI3I7
— Messi 8th Ballon D'or 🐐 (@messididit) December 30, 2022