Наполи одлично ја започна Серија А со победата од 2:5 во Верона, а веднаш по натпреварот доби засилување од Тотенхем.
Во новата сезона дресот на Наполи ќе го носи играчот од средниот ред Танги Ндомбеле. Наполитанците за позајмицата ќе платата 1.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе можат да го откупат неговиот договор за 30.000.000 евра.
Ндомбелеј во Лондон пристигна во 2019 година од Лион за неверојатни 60.000.000 евра, но не успеа да се наметне и минатата сезона беше на позајмица во клубот од кој дојде.
За Тотенхем одигра 91 натпревар и постигна 10 гола и забележа 11 асистенции.
Наполи го донесе Ндомбеле како замена за Фабијан Руиз. Шпанецот кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ.