Top Sport

„Не би му кренал телефон на Зидан“

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грае, изјави дека не би му кренал на зинедин Зидан доколку овој го барал ден откако Ддие Дешан го продолжи договорот.
„Не би му одговорил на телефонот ако ми се јави. Што да му кажам? Имајте убав ден господине, не грижете се, барајте си друг клуб. Само што се договорив со Дидие”, изјави Ле Грае „РМЦ Спорт“.

Зидан беше еден од главните кандидати за наследник на Дешам.

Претседателот на ФФФ додаде дека би бил изненаден доколку Зидан, кој како играч со Франција го освои Светското првенство во 1998 година, стане селектор на Бразил.

„Тој може да прави што сака. Никогаш не сум го сретнал и никогаш не планирав да се разделам од Дешан. Ништо и никого не вознемирив. Тој може да оди каде сака, во некој клуб, некој голем клуб. Во Европа ги има толку многу. Не верувам дека ќе биде селектор на некоја репрезентација“, изјави 81-годишниот претседател на ФФФ.

Франција на крајот на минатата година беше поразена во финалето на Светското првенство во Катар од Аргентина, по изведувањето пенали.

Дешан ја освои титулата светски шампион во Русија во 2018 година како селектор со Франција.

Scroll to Top