Top Sport

Не бил во самоизолација, Јовиќ се соочува со затворска казна

Лука Јовиќ добил кривична пријава бидејќи не ги почитувал мерките за самоизолација. Напаѓачот на Реал од Мадрид пристигнал во Белград на роденденот на својата девојка. Шпанија е една од најзагрозените земји со епидемијата на опасниот вирус. Во земјата има 17.000 заразени, а досега починале 767 лица.

Јовиќ бидејќи влегол во Србија од високо ризична земја, според вонредните мерки што ги спроведува државата морал да мине 14 дена во самоизолација.

Фудбалската ѕвезда сепак не ги почитувал мерките, бил забележан низ улиците на Белград и по кафулињата и рестораните.

Обвинителството наложило против Јовиќ да биде покрената кривична постапка. Полицијата не го нашла на адресата која ја навел како престојувалиште. Бил предупреден дека ќе биде уапсен доколку истото му се случи уште еднаш.

„Тоа што некои се спортисти и богати нема да не спречи да не ги казниме. Поднесовме пријави против неколку богати спортисти. Синоќа напишавме 12 пријави. Казните се од една до 12 години затвор. Тие луѓе ќе одговараат кога судот ќе го одреди тоа“, рекол српскиот министер за внатрешни работи Небоша Стефановиќ.

Таткото на фудбалерот се правдал дека неговиот син бил тестиран во Шпанија и дека тестот бил негативен.

Како што пишува „Блиц“ Јовиќ се соочува со тригодишна затворска казна или парична казна во износ од 150.000 динари (околу 1.200 евра).

Наместо во самоизолација во Мадрид Јовиќ на роденден во Белград

 

Scroll to Top