Top Sport

Наместо во самоизолација во Мадрид Јовиќ на роденден во Белград

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ вчера испрати остра и директна порак до српските фудбалери кои лебот го печалат во странство. Во обраќањето до јавноста таа апелираше до сите оние кои доаѓаат од странство да бидат во самоизолација.

Според српските медиуми оваа порака се однесува само на еден фудбалер, Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

Напаѓачот го прекршил правилото за самоизолација, кое е воведено во Реал и се појавил во Белград на роденденот на својата девојка.

„Момче сакаш да не убиеш?“, стои во насловот на „Курир“.

Во текстот пишува дека шетал по кафеаните и кафулињата во Белград и дека бил во контакт со други луѓе.

За потсетување фудбалерите и кошаркарите на Реал се во самоизолација откако Треј Томпкинс минатата недела објави дека е заразен со коронавирусот.

Тогаш Јовиќ открил дека во тренинг кампот го користел истиот базен како и заразениот кошаркар.

Scroll to Top