Top Sport

„Да не грешиме како против Франција, имаме мотив да ја победиме Србија“

Македонската репрезентација до 21 година денеска (16:00 часот) на стадионот „Билјанини извори” во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија.
Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман. Со пораз во квалификациите влегоа и Србите, тие загубија од Украина, на домашен терен во првото коло (0:1).

– Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да огиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема. Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност, изјави селекторот Канатларовски.
Во Х-групата, покрај дуелот Македонија – Србија, играат уште и репрезентациите на Украина и Ерменија.

Извор/ffm.mk

Scroll to Top