Статистиката на вчерашниот меч на Рома на гости кај Баер Леверкузен во вториот меч од полуфиналето на Лига Европа, повторно ја покажа „мајсторијата“ на Жозе Мурињо и неговиот дефанзивен стил на фудбал.
По 1:0 предноста од првиот меч во Рим, момците на Мурињо успеаја да издржат 90 минути во Германија за реми без голови и второ европско финале во низа за „волчицата“, по минатогодишното освојување на Конференциската лига.
Во 90 минути, Рома успеа да упати само еден удар кон голот на домаќините, додека Леверкузен имаа 23 удари на голот на италијанскиот тим и 72 отсто посед на топката.
Вистинска „мајсторија“ на Жозе. Во Леверкузен не беа воодушевени.
„Штета што во полуфинале на ова високо ниво, ваков стил на игра е награден. Тие го направија мечот многу грд“, вели фудбалерот од средниот ред на Баер, Керем Демирбај.