Top Sport

Не е крај додека не каже Левандовски – Полјакот ја покори „Месталја“

Роберт Левандовски е човекот што ја држи Барселона во живот и веројатно ја спаси главата на тренерот Чави. Полскиот голгетер погоди во 94.минута, на асистенција на Рафиња, за триумф на Барса на гостувањето на „Месталја“ против Валенсија.

Барселона беше подобар ривал, но никако не успеваше да ја го отвори резултатот. Сепак, не е крај додека не каже Левандовски. Постигна важен гол за три бода, со кои каталонскиот тим се израмни на врвот со Реал Мадрид.

Scroll to Top