Top Sport

„Не е случајно што му дадов гол на Јуве во 34 минута“

Дони ван де Бек со својот гол ја најави големата победа на Ајкас над Јувентус во Торино. Ван де Бек го израмни резултатот, а во второто полувреме Матијас Де Лихт го постигна вториот гол за Ајакс, со кој холандскиот тим го победи Јувентус 2:1 и се плaсира во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Ван де Бек, како и целиот тим на Ајакс одигра брилијантен натпревар, успевајќи целосно од играта на Јувентус да го исклучи Миралем Пјаниќ.

Тоj успеа да пoстигне е гол за кој вели дека има многу симболика бидејќи е постигнат во 34 минута.

„Погледнав на семафорот откако го постигнав голот. Видеов дека минутата е 34 и едноставно знаев дека тоа не е случајно. Ова е посебен момент“, рекол 21 годишниот фудбалер.

Бројот 34 во Ајакс го носеше најдобриот ријател на Ван де Бек, Абделхаку Нури. Овој фудбалер во 2017 година, на пријателскиот меч со Вердер на теренот претрпе мозочен удар.

Долго време беше во кома, што остави големи последици по неговото здравје.

Оваа сезона сите победи фудбалерите на Ајакс му ги посветуваат на Нури.

Scroll to Top