Top Sport

Реал ќе го добие најголемиот спонзорски договор во историјата

Реал Мадрид и компанијата „Адидас“ го договарале најголемиот спонзорски договор во историјата на модерниот спорт.

Според шпанските медиуми, познатиот производител на спортска опрема на клубот од „Сантијаго Бернабеу“ му нуди годишен договор вреден 120 милиони евра. Ако се знае дека договорот би бил потпишан на 10 години, тогаш Реал од договорот со „Адидиас“ ќе заработи неверојатни 1,2 милијарди евра.

Доколу договорот биде официјализиран тогаш тоа ќе претставува апсолутен светски рекорд.

Scroll to Top