Top Sport

Не е среќен во Париз, Меси сака да се врати во Барселона

Лионел Меси не е среќен во Париз, на крајот од сезоната би можел да си замине од ПСЖ. Од почетокот на сезоната, Аргентинецот има одиграно 26 натпревари, на кои постигнал само седум голови. Со тимот не успеа да го мине Реал во осмина-финалето во Лигата на шампионите.

Вчера, ПСЖ, во Лига 1 го победија Бордо со 3:0. Во текот на натпреварот, навивачите со свирежи и навреди ги почестија Меси и Нејмар.

Шпанскиот новинар, Џерард Морено, тврди дека Меси сака да се врати во Барселона.

„Таткото на Меси, кој е и негов менаџер, пред неколку дена ги контактирал челниците на Барселона. Сака да започне преговори за негово враќање на Ноу Камп“, тврди Ромеро.

Пишувањата на Ромеро ги потврдија француските медиуми и новинарот Фабрицио Романо.

Прашање е само дали ПСЖ, пред Мундијалот во Катар, ќе му дозволи на Аргентинецот да го напушти клубот.

Scroll to Top