Поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли, тврди дека Лионел Меси пател, бидејќи во татковината луѓето се радувале на сите лоши работи што му се случувале. Аргентиците на Меси му забележуваат дека не успеал со репрезентацијата да освои ниту еден трофеј.
„Работев со најдобриот играч во светот. Не знам дали може да се каже дека е најдобриот во историјата бидејќи во татковината е често критикуван и покрај сите рекорди што ги има поставено. И покрај сите негови квалитети и можности тој е само обичен човек. Факт е дека Аргентинците не можат да уживаат во успесите на Меси, како што тоа го прават навивачите на Барселона. Тој пати поради тоа. Аргентинското општество сака да уништува работи, не сака да ужива во неговите успеси. Не го ценат доволно“, рекол Сампаоли.
Хорхе Сампаоли како селектор ја предводеше Аргентина на СП во Русија. Со Меси во тимот Аргентинците испаднаа во осмина-финалето од Франција.