Top Sport

„Не го користевме мозокот, средниот ред не постоеше“

Тренерот на Јувентус Мауруцио Сари бил лут од она што го прикажале неговите фудбалери на натпреварот со Сасусоло. Јувентус не успеаја да победат, мечот заврши 2:2. По ова коло Интер се вратија на чело на табелата.

Јувентус имаа предност против Сасуоло, потоа гостите направија пресврт, а во 68 минута Роналдо од пенал го постави конечниот резултат.

„Не го користевме мозокот, немавме фокус. Средниот ред кај нас не постоеше. Им остававме премногу простор, лесно губевме топки“, рекол Сари.

Јувентус по 14 рунди имаат 36 бода, еден помалку од Интер.

Scroll to Top