Top Sport

Барселона победи во Париз

Барселона втор пат сезонава успеа да го победи Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. Откако пред два и пол месеци победија на домашен терен 36:32, во неделата играчите на Барселона славеа и во Париз 35:32.

Исклучително интересниот дуел во Париз, играчите на барселона го решија во финишот, со убиствена серија 1:5, со која водството на ПСЖ 31:30 го претворија во своја победа 32:35.

Палмарсон и Циндриќ со по шест гола беа најефикасни во редовите на Барселона, додека ПСЖ го предводеше Сагосен со осум гола.

Барселона е лидер во А-групата со 18 бода, бод помалку има Пик Сегед, додека ПСЖ се на третото место со 16 поени.

Scroll to Top