Top Sport

Не го „сакаа“, сега им заби гол! Гакпо стрелаше, Ливерпул-Јунајтед 1:0 на полувреме

Најголемото англиско дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед на „Енфилд“ не разочара во првото полувреме, во кое видовме активна игра, многу акции, и водство во финишот за домаќините благодарение на Коди Гакпо.

Холанѓанецот, кој цела година беше поврзуван со трансфер од ПСВ Ајндховен во Манчестер јунајтед, на крајот во јануарскиот преоден рок заврши во Ливерпул и по спориот старт во новиот клуб, очигледно добива залет.

Во 43. минута од мечот, Гакпо доби речиси совршена топка од Енди Робертсон, успеа убаво да го надигра Рафаел Варан и за ја забие топката во голот на Де Хеа.

Во очекување на исто толку интересно второ полувреме.

Scroll to Top