Top Sport

Барса утна пенал, доби црвен картон, но извлече победа против Валенсија

Барселона се одвои на 10 поени пред Реал Мадрид (со натпревар повеќе), откако на „Ноу Камп“ успеаја да стигнат до 1:0 победа над очајната Валенсија и покрај тоа што утнаа пенал и поголемиот дел од второ полувреме одиграа со 10 играчи.

Рафиња уште во 15. минута донесе предност за Барселона откако доби речиси совршена топка од Серхио Бускетс во убава комбинација на домаќините. Кога во 55. минута беше досуден пенал за Каталонците, изгледаше дека исходот е решен, но Феран Торес не успеа од белата точка.

Ситуацијата за тимот на Чави Ернандез се искомпликува кога Роналд Араухо во 59. минута доби директен црвен картон, но на крајот тие успеаја да идржат и да осигураат три поени.

Валенсија со поразот останува на претпоследното место на табелата со 23 поени, два поени над безбедната зона.

Scroll to Top