Top Sport

Не го сакаат! Навивач на Сион го изгоре дресот на Балотели

Марио Балотели може да се најде пред нов трансфер, откако навивачите на неговиот швајцарски клуб, Сион го запалија неговиот дрес на трибините по катастрофалниот 0:4 пораз на домашен терен од Санкт Гален, по кој клубот останува на претпоследното место на табелата.

Балотели, иако има постигнато пет гола за Сион, три од нив се од пенал, а покрај тоа тој имаше и шест жолти картони. Ова беше премногу за дел од фановите кои го запалија неговиот дрес и го обесија на атрибините.

Италијанскиот напаѓач пристигна во Сион во август 2022 година, откако си замина од Адана Демирспор по конфликтот со тренерот, неговиот сонароник, Виченцо Монтела.

Scroll to Top