Top Sport

Тоа е менталитет! Мечот завршен, трофејот освоен – Касемиро го кара Бруно што „себичел“

Навивачите на Манчестер јунајтед уште повеќе го засакаа својот нов херој, Бразилецот Касемиро, и тоа не само што даде гол при 2:0 победата над Њукасл за освојување на првиот трофеј од 2017 година, туку поради неговото однесување по мечот.

Касемиро додека неговите соиграчи почнуваа со прославата, реши дека мора да поразговара со Бруно Фернандеш, бидејќи во финишот на мечот Португалецот имаше совршена шанса да даде и трет гол, но наместо да го проигра Скот Мектоминеј, „себичеше“ и неговиот удар беше одбранет од Лорис Кариус. На Касемиро ова очигледно не му се допаѓаше.

Scroll to Top