Top Sport

Не игра кај Зидан – Едегард побарал трансфер

Мартин Едегард, талентираниот норвешки фудбалер, побарал дозвола од Реал да го напушти клубот. Норвежанецот не доби шанса на последните 10 натпревари, а не се наоѓа во протоколот ниту за вечерашниот натпревар во Купот, против Алкојан.

Едегард, потпиша договор со Реал на 16-годишна возраст. Тој минатата сезона блесна во дресот на Реал Сосиедад, поради што клубот реши да го врати во Мадрид. Сепак, во конкуренција на Модриќ-Крос и Касемиро, тој не добива шанса од тренерот Зидан.

Едегард повеќе нема трпение и не сака да биде резерва и притоа воопшто да не игра, поради што побарал трансфер.

Scroll to Top