Top Sport

Не игра Роналдо? Вратете ни ги парите!

Дел од навивачите на Јувентус, но и на Џенова, наводно побарале да им бидат вратени парите за билетите кои ги купиле за мечот од Серија А на „Мараси“ откако беше потврдено дека Кристијано Роналдо нема да игра.

Тренерот Макс Алегри во саботата потврди дека Роналдо ќе добие ден одмор и нема да биде ниту во поширокиот состав на Јуве за мечот со Џенова по хет-трикот кој го постигна во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Според весникот „Кориере дела сера“, поради ова, канцеларијата за билети на Џенова била преплавена од повици и барања за враќање на парите. Весникот тврди дека најзачудувачки е тоа што тие кои побарале враќање на билетите не биле само навивачи на Јувентус, туку и на Џенова, кои очигледно сакале да го видат петкратниот освојувач на „Златната топка“ во акција.

Scroll to Top