Top Sport

(Не)извесна е иднината на Елмас во Наполи

Турските и италијанските медиуми се занимаваат со иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи. Елмас во летниот преоден рок на инсистирање на Карло Анчелоти од Фенербахче се пресели во градот под Везув.

Анчелоти повеќе не е тренер на Наполи, на неговото место клубот го ангажираше Џенаро Гатузо кој потпиша договор до крајот на сезоната, с можност истиот да биде продолжен.

Италијанските медиуми тврдат дека Гатузо планирал да го игра Елмас во стартната постава. Во формацијата 4-3-3 тој во редот за врска би грал заедно со Алан и Фабијан Руиз.

Од друга страна турскиот медиум „фанатик“ тврди дека Гатузо ќе се обиде да го продаде македонскиот репрезентативец. Наводно Гатузо сакал на „Сан Паоло“ да го донесе Уругваецот од Арсенал, Лукас Тореира.

Наполи за трансферот на Елмас на Фенербахче им платија 16 милиони евра.

Scroll to Top