Top Sport

„Не ми е јасно зошто Арсенал за Вајт платија 58 милиони евра“

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Вилијам Галас, рекол дека не ја разбира клупската трансфер-политика. Арсенал летово издови 58.500.000 евра за Бен Вајт од Брајтон. На трансферот на Вајт инсиситираше менаџерот, Микел Артета.

„Не можам да разберам зошто Арсенал платија толку пари за фудбалер кој допрва треба да се докажа, а во исто време Манчестер јунајтед за рафаел Варан платија 47 милиони евра“, рекол Галас и дополнил.

„Морате да ми објасните како е можно ова. Можеби поради тоа што е Англичанец. Варан е на повисоко ниво од Вајт, кој е млад и се уште не покажал ништо. СО што ќе ја оправдаат неговата цена? Го почитувам, не го познавам, се надевам дека ќе биде одличен играч. Но тој допрва тоа треба да го потврди. Не го зборувам ова само поради тоа што Варан е мој сонародник. Тој дојде од Реал Мадрид, а не, со должна почит, од Брајтон“, рекол Галас.

Scroll to Top