Top Sport

Не можат без Шкоти – Јунајтед летово тргнуваат по Мекгин

Манчестер јунајтед се подготвени да платат 40 милиони фунти во текот на летото да го добијат фудбалерот од средниот ред на Астон вила, Џон Мекгин, и исто така планираат да имаат нов постојан менаџер пред крајот на сезоната, тврди британскиот „Дејли телеграф“.

27-годишниот Шкотланѓанец подолго време е на „радарот“ на „ѓаволите“ за подобрување на средниот ред, а наводно сега има два сонародници-лобисти – легендата Сер Алекс Фергусон и техничкиот директор на клубот, Дарен Флечер.

Мекгин е на „Вила парк“ до 2018 година кога направи трансфер од шкотскиот Хибернијан и клубот од Бирмингем подолго време се обидува да му го продолжи договорот. Мекгин има 16 гола во 129 настапи за Вила и беше дел од тимот кој обезбеди враќање во Премиерлигата под Дин Смит во 2018/19.

Scroll to Top